Тим Кук: Apple нема да се смени

Новиот извршен директор на Аpple, Тим Кук, веднаш по седнување на фотељата им се обрати на вработените преку имејл велејќи им дека работењето со Стив Џобс „беше привилегија“ и дека Apple „нема да се смени“. Еве го имејлот од г. Кук до вработените, првин објавен од Ars Technica кои ја потврдија неговата веродостојност:

„Тим:

Возбуден сум за неверојатната можност да служам како извршен директор на најиновативната компанија во светот. Приклучувањето на Apple беше најдобрата одлука која сум ја направил и ми беше привилегија да работам со Apple и Стив во последниве 13 години. Се согласувам со оптимизмот на Стив дека Apple има блескава иднина.

Стив беше неверојатен лидер и ментор за мене, исто како што беше за целиот извршен тим и на нашите неверојатни вработени. Навистина се радуваме на понатамошното водство и инспирација од Стив кој сека ќе биде директор на бордот.

Сакам да бидете самоуверени дека Apple нема да се смени. Јас ги почитувам и славам уникатните принципи и вредности на Apple. Стив ја изгради компанијата и културата што ја нема никаде во светот и ние ќе останеме веродостојни на неа – таа е во нашата ДНК. Ќе продолжиме да ги произведуваме најдобрите продукти во светот што ќе ги радуваат нашите корисници и да ги правиме нашите вработени неверојатно горди во тоа што го работат.

Го сакам Apple и се радувам на можноста за работа во мојата нова улога. Сета неверојатна поддршка од бордот, од извршниот тим и од многу од вас беше инспиративна. Самоуверен сум дека нашите најдобри години се пред нас и дека заедно ќе продолжиме да го правиме Apple магично место какво што е.

Тим.“

Тим Кук пред да биде назначен за извршен директор, беше директор за операции во Apple. Пред да се приклучи на Apple тој има работено во Compaq и IBM. Според тие што го познаваат, Тим Кук е зависник од работа кој дури и во недела има состаноци со вработените да ги подготви за во понеделник, постојано јаде енергетски чоколади, но иако е талентиран во својата работа, сепак се нема докажано како визионер, иако е нормално дека ќе биде тешко да се замени Стив Џобс.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии