Тим Бернерс-Ли побара отворен Интернет

Тим Бернерс-Ли ја повтори својата поддршка за интернет неутралноста. Овој пат поддршката доаѓа на гостински блог на сајтот на Европската Комисија.

„Што е следно? Што ќе биде следнота голема промена на интернет? Да бидам искрен не знам. Зошто? Бидејќи кога ја дизајнирав мрежата намерно ја направив неутрален, креативен и простор за соработка, доградувајќи на отвореноста која ја нуди Интернет. Мојата визија е дека секој, секаде во светот може да споделува знаење и идеи без потреба да купува дозвили или да бара дозвола од директори, владини служби или комитети. Оваа отвореност овозможи наплив на иновации и уште помага во нови откритија во наука, трговија, култура и во други области“, вели г.Бернерс-Ли.

Поддршката доаѓа кога регулаторите во САД се подготвуваат за финалната верзија на документите за брз и бавен интернет пристап, а германската канцеларка Андреа Меркел побара слична поделба и во Европа. Слично како американскиот претседател Барак Обама, и г. Бернерс-Ли смета дека е недозволиво да им се дозволи на големите компании да имаат пристап до побрз проток единствено бидејќи можат да го платат. Дополнително тој е противник на бесплатната понуда која ја нудат дел од провајдерите за бесплатен интернет до Facebook или WhatsApp. Неутралноста значи дека нема никаква резлика, ниту позитивна, ниту негативна, помеѓу сообраќајот оди кон различни извори.

„Задржување на интернет неутралноста е критично за иднината на Интернет и за иднината на основните права на луѓето, иновацијата и напредокот на Европа. Истражувањата на холандската влада од јуни 2013 покажа дека неутралноста го стимулира кругот помеѓу повеќе конкуренција, поголема поврзаност и поголема иновативност, во корист на сите граѓани, но интернет компании без разлика дали се големи или помали“.

[youtube]OM6XIICm_qo[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии