Тим Бартон бара Twitter помош за својата нова приказна

Приказната се пишува со Cadavre Exquis техниката на уметниците-надреалисти за колективно креирање приказна. Тим Бартон ја пишува првата реченица, по што твитерџиите со своите твитови ќе треба да се надоврзат, креирајќи ја приказната за Stainboy, лик од анимирана серија на г. Бартон од 2000-та година.

Секој корисник може да твитне колку сака делови, користејќи го #BurtonStory тагот. Најдобриот твит од тој секој ден ќе ја продолжи приказната, која до сега е надополнета со 10 твитови. Неа можете да ја прочитате на сајтот.

Експериментот ќе трае од 22 ноември до 6-ти декември.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии