TikTok – Што е, од кога постои и зошто станува толку популарен?

Според многумина наследникот на Vine, TikTok, е моментално една од најпопуларните апликации / социјални мрежи во светот. Едноставна е, забавна е, и нуди по нешто за секој, од хумористични содржини наменети да ве насмеат, до совети кои навистина ќе ви се најдат во животот. TikTok во ниеден момент не се натпреварува со гигантите како Facebook, Twitter и Instagram, но е освежувачки нов тип на содржина.

Што е всушност TikTok и од кога постои?

Доколку сте ја користеле апликацијата, веројатно ви е јасно за што станува збор. Корисниците имаат можност да објавуваат кратки видеа кои неретко се всушност звучно синхронизирани на популарни песни или смешни видеа од други корисници. Имате и можност за филтри и најразлични ефекти кои можат да се искористат на креативен начин. Истите тие видеа се во времетраење од 15 секунди, иако имате можност да споите 4 видеа со максимално траење од една минута. Токму и концептот на кратките видеа е причината поради која многу корисници сметаат дека TikTok е наследник на Vine.

Доколку ја разгледаме историјата на TikTok, всушност треба да се навратиме до 2014 година, кога беше пуштена во употреба апликацијата Musical.ly. Истата веднаш стана хит со тоа што имаше многу едноставен кориснички интерфејс и пружаше интересен вид на забава. На 6 јули 2015, апликацијата дојде до првото место на iTunes.

Една година подоцна, во 2016, во Кина беше лансирана Douyin, верзија на Musical.ly достапна за корисниците во Кина. Во 2017, истата таа апликација е пуштена во употреба низ цел свет под името TikTok. Креаторите на Douyin, Bytedance, гледајќи го потенцијалот на Musical.ly, ја откупија апликацијата и ја интегрираа во она што денес го знаеме како TikTok.

Ваквата интеграција не доведе до големи промени. Апликацијата си остана скоро иста, но беа воведени нови функционалности како на пример нови алатки за креирање на видеа и нови филтри.

Како се користи апликацијата?

Слично на видеата од Vine или Instagram Stories, и како што всушност доликува на мобилна апликација, видеата се вертикални. Ова по малку потсеќа и на Snapchat, чувство кое е присутно и кога ќе се разгледаат филтрите и срцата кои се користат во улога на лајкови. Корисниците на било која социјална мрежа би требало релативно лесно да го сфатат ова.

Кога ќе ја отворите апликацијата, веднаш почнува видео. Кое видео ќе почне одлучува апликацијата, а сите видеа се оние кои се обележани со “for you”. Доколку следите корисници на апликацијата, ќе имате посебен таб кој е означен како Following, каде ви се достапни сите видеа кои корисниците ги објавиле.

Покрај ова, апликацијата користи и хаштагови, а до нив имате пристап преку лупата на лентата со икони за навигација во долниот дел од екранот, под која пишува Discover. Овде може да пребарувате и корисници, и да видите кој hashtag е популарен во моментот.

Едно копче подесно има и Inbox, каде што ќе видите нотификации за вашите видеа, доколку одлучите да објавувате. Овде ќе излезат и нотификациите за коментари или нови корисници кои одлучиле да ве заследат.

И за крај, најдесно го имате копчето кое води до вашиот профил. На истиот имате можност да ги менаџирате вашите видеа, како и да пристапите до подесувањата за апликацијата со притискање на трите точки во горниот десен агол.

Корисничкиот интерфејс, и општо начинот на кој што функционира TikTok не потсеќа можеби и премногу на Instagram. Од лентата за навигација, до системот со следбеници и лајкови, па и hashtag и Trending функционалноста. Секако, за оние кои се навикнати на Instagram и начинот на кој работи, веројатно ќе е многу полесно да се снајдат со TikTok.

Која е причината за популарноста на TikTok?

Иако некои од функционалностите и елементите на истата се очигледно ископирани од други слични апликации, сепак истата достигнува нови нивоа на популарност. За ова има неколку причини.

Една од најголемите, како што спомнавме погоре, е фактот што истата е неверојатно едноставна за користење. Кратките видеа се лесни за снимање, а и доколку се решите за звучна синхронизација, работата е уште поедноставна.

Покрај ова, самиот кориснички интерфејс и начинот на кој функционира апликацијата е многу сличен со некои од другите популарни социјални мрежи, па не мора да се навикнувате “од нула” на нешто сосема ново.

За крај, тука е и фактот што дури и корисници кои не ве следат на TikTok имаат брз пристап до вашите видеа преку For You секцијата која ја спомнавме погоре, па е лесно да стигнат до вас.

Комбинацијата на овие неколку фактори носи очигледни резултати, па TikTok е во моментов една од најпопуларните апликации низ светот. Ова нема да се смени за брзо, па доколку ви звучи интересно, разгледајте ја и дајте и шанса. Дури и да не снимате видеа за вашиот профил, оние кои се достапни можат да ви пружат разонода кога ви е досадно.  

1 коментар на “TikTok – Што е, од кога постои и зошто станува толку популарен?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии