TikTok, Microsoft, Zoom, Twitter, Facebook и Google го стопираат барањата на властите во Хонгконг

Дејан Соколоски

во Вести

На 30 јуни Кина донесе закон кој за криминал ги прогласи сите барања и повици за независност на Хонгконг. Една недела подоцна најголемите технички компании јавија дека нема да одговорат на барањата на властите на Хонгконг.

Microsoft, Zoom, Twitter, Facebook, Zoom се само дел од компаниите кои ги „паузираа“ одговорите, а Apple засега разгледува кој ќе биде нивниот одговор.

Дури ни дел од кинеските компании, и компаниите со кинески основачи како Zoom и TikTok најавија повлекување од пазарот. Bytedance, компанијата зад TikTok има друга платформа за кинескиот пазар Douyin и се очекува оваа апликација да биде замена, вели BBC.

Најголем дел од големите компании како Apple, Google, Microsoft, Facebook и Twitter до пред неколку дена соработуваа со полицијата од Хонгконг. Но по носењето на новиот закон се чини дека не се сигурни во чекорите кои треба да ги преземат. Барем во следните неколку дена овие компании нема да одговараат на барањата, но властите најавија дека ова може да значи затворска казна за вработените. Дополнително можна е и забрана за работа на овие компании.

Иако ова е првото прашање по речиси укинувањето на автономијата на Хонгконг на кое ќе треба да „одговорат“ компаниите нема да биде последно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии