(Ова е гостински пост на Емир Слезовиќ, ко-организатор на Funky CoWorking Friday, настан кој ја промовира coworking културата во Македонија. Постот е првично објавен на Medium, и реобјавен со негова дозвола)


Често се збори за важноста на вмрежувањето и запознавањето на луѓе. Воспоставување контакти со луѓе и размена на бизнис картички со надеж за идна соработка. Кај мене, „networking-от“ често резултира со екстра бизнис картички кои зафаќаат само место во паричник. Но, за разлика од размена на контакти, заедница е чувство на подлабоко поврзување со други, како резултат на споделување на заеднички ставови, интереси и цели. Јадрото на една заедница се луѓето. Колку луѓето посилно се идентификуваат со заедницата, толку таа е посилна.

Предности од вклучување во coworking заедница

Стимул за подобрување. Како што гласи поговорката „You are the average of the five people you spend most time with”. Доколку трошиш долго време заедницата ќе ги замени 5-те луѓе со кој најмногу го трошиш времето. Coworker-ите известуваат дека работењето во заедница на професионалци им помага да развијат дисциплина која ги мотивира.

Споделување знаење. Ниеден човек не може да ги има сите одговори. На коворкинг се појавуваат различни профили на луѓе со различни експертизи што дава можност за пристап до подобри информации (дури и од Google :))

Ко-основачот на Start Up Weekend, Френк Нојригат, дава совети на Funky Coworking Friday

Ко-основачот на Start Up Weekend, Френк Нојригат, дава совети на Funky Coworking Friday

Социјализација. За разлика од работата во голема компанија, соло претприемачите и фриленсерите делуваат индивидуално и често работат од дома. Дури и најсрамежливиот и интровертен програмер му треба простор кадешто може да се поврзе и да се дружи.

Соработка. Во coworking просторот лежи можноста за соработка меѓу самите coworker-и. Доколку на некој му треба помош за дизајн на лого, ваква работа може да се понуди до некој фриленс дизајнер во самиот простор. Заради вакви можности многубројни Fortune 500 компании во САД се вклучуваат во coworking простори заради можноста за соработка со луѓето од заедницата.

Со Funky Coworking Friday сакаме да ја промовираме coworking културата кај нас. Покрај тоа, Funky Coworking е иницијатива за градење на заедница на креатори, на луѓе кои креираат и ја ценат нивната работа.

Заедницатa на Funky CoWorking Friday

Заедницата на Funky CoWorking Friday

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии