Ti mene nosiš е првиот филм од регионот што е достапен на Netflix

Хрватскиот филм Ti mene nosiš е првиот филм од регионот кој е достапен на Netflix, и кој ќе биде дистрибуиран до потенцијална публика од 75 милиони гледачи. Филмот е дело на режисерката Ивона Јука и продуцентката Анита Јука, кои ја споделија одличната вест со Netokracija.

„Ti mene nosiš е презентиран на Netflix European Film Market во склоп на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Преговорите започнаа пред пет месеци, но севкупната достава на видео и аудио материјал, титлувањето, изработката на промотивни материјали, траеше до сега. Навистина сме среќни што нашиот филм е прв од регионот кој е достапен на Netflix, а само овој факт ги надминува напите очекувања. Ti mene nosiš во овој момент може да го погледнат 75 милиони луѓе, и ова е најголема дистрибуција на некој хрватски филм досега. Ова е огромен успех не само за нашиот филм туку и за целата хрватска кинематографија.“, вели Анита Јука.

За филмот е добро што самиот Netflix создава листи на филмови по региони и потоа им ги презентира и препорачува на корисниците. Глобалната дистрибуција на Netflix и сличните платформи отвара можност за регионалните филмови да стигнат до поширока дистрибуција. Како што знаете, од февруари Netflix во неочекуван, но храбар, потег се реши да ја отвори својата платформа за целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија.

„Новите платформи за дистрибуција се нова прилика за филмаџиите. Досега независните и странски филмови беа осудени на ограничена дистрибуција во Европа, најчесто во помали art-house киносали, во лоши термини и дистрибуција со максимална должина од два месеци. На овој начин не само што филмот е достапен насекаде, туку за месечна претплата од осум евра филмот ќе биде достапен следните пет години.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии