Thunderbirds е новиот тим на Сакса и останатите досегашни членови на Digtal Chaos

Digital Chaos, тимот во кој настапуваше и најдобриот македонски Dota 2 натпреварувач една недела пред Kiev Major ја замени целата постава. Мартин Саздов заедно со остаток од Digital Chaos оформи нов тим, Thunderbirds.

Thunderbirds, како и Digital Chaos ќе се натпреварува од САД. Соиграчи на Сакса остануваат: Роман Фоминок, Resolut1on; Аливо Омар, w33; Девид Тан, MoonMeander; и Расмус Филипсен MiSeRy, кој останува капитен и на новиот тим. Заедно со натпреварувачите во новиот тим дојдоа и дел од тренерите од Digital Chaos.

„Постоечкиот тим и DC се сложија дека дојде време да се разделат. Имавме огромен успех со овој состав. На Misery, Resolut1ion, Saksa, W33, Moonmeander, Алисија и Вилијам им посакуваме уште многу успех“, велат од DC во соопштението.

Следен натпревар за Сакса и Thunderbirds е Kiev Major, турнир кој започнува следната недела, а ќе се одржи од 27 до 30 април. Thunderbirds на овој турнир учествуваат со директна покана, што значи дека ги рипнаа квалификациите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии