Спонзориран текст

„This is the Way“ e темата на 15-то издание на CodeFu

Оваа година, по 15-ти пат, Netcetera го организира натпреварот во програмирање, CodeFu, под овогодинешната тема „This is The Way“.

CodeFu е натпревар фокусиран на студенти, апсолвенти и средношколци. Започнува со две квалификациски рунди на кои кандидатите ќе ги покажат своите вештини за влез во финалето, каде ќе се натпреваруваат 32-ца CodeFu воини.

Квалификациските рунди не се поврзани, па учесниците можат да учествуваат и во двете рунди или во секоја одделно. Доколку ја пропуштивте првата шанса, може да се приклучите во втората, која ќе се одржи на 9-ти мај со почеток во 12.00 часот и да се борите за влез во финалето и за една, од трите главни награди,  ваучер во износ од 1500 евра. Секако награди следат и за победниците од квалификациските рунди.

Во продолжение, кратко интервју со еден од воините кои чекорат по овој пат, нашиот минатогодишен победник и редовен учесник на CodeFu.

Нешто за себе?

Јас сум Мартин Динев, имам 19 години и студирам Компјутерски науки на ФИНКИ.

Зошто учествуваш на CodeFu?

„To earn my bragging rights 😉“. Учествувам на натпревари по информатика 6 години. Секое стекнато искуство се надоврзува со претходното, а CodeFu натпреварите не се исклучок!

Од кога почна да се натпреваруваш на CodeFu и колку пати си учествувал?

Иако за CodeFu знам одамна сепак, редовно почнав да се натпреварувам кога станав студент, а тоа е од пред 2 години.

Што те мотивира за учество и натпреварување во CodeFu арената?

Во текот на годините секој натпревар неразделиво се поврзуваше со незаборавни дружења, прекрасни прошетки и секако интересни предизвици. CodeFu ги буди тие спомени, а истовремено е прилика за доживување нови предизвици.

Дали задачите на CodeFu се предизвик за тебе?

Секако, секој натпревар е предизвик. Можеби слично како решавањето рубикова коцка, предизвик е додека научиш како се решава, но секој следен пат повторно е предизвик, заради обидите да ја решиш побрзо.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Netcetera. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии