The Vaccines снимаат спот со слики од Instagram апликацијата за iPhone

Обожавам кога независните музичари ги користат можностите што ги нуди модерната технологија за промовирање на својата музика. До сега имам напишано за ваков вид на креативна промоција, за виралниот модел на промовирање на Kaiser Chiefs и за интерактивниот проект на Danger Mouse.

Овојпат пишувам за британскиот бенд The Vaccines кој го следи овој тренд на користење на виралниот ефект на мрежите. The Vaccines подготвуваат нов спот за песната Wetsuit кој ќе го креираат од фотографии сликани со апликацијата за iPhone, Instagram. The Vaccines побарале од своите фанови да тагнуваат фотографии што ги сликале на фестивали со тагот #vaccinevideo. Благодарение на лесното споделување на фотогорафии кое го нуди Instagram, фановите сè што треба да направат е да сликнат и да ги тагнат своите фотогорафии, или пак да ги филтрираат и тагнат фотографиите кои веќе ги имаат во својот iPhone.

Сите фотогорафии се собираат преку API-то на Instagram и се складираат во онлајн галерија која ги прикажува сите испратени фотографии.  Фотографиите за овој видео проект можете да ги најдете на следниот веб сајт, а во прилог погледнете го видеото во кое е претставен концептот за овој проект.

3 коментари на “The Vaccines снимаат спот со слики од Instagram апликацијата за iPhone

  1. Јас се извинувам за грешката, бидејќи типот стално е со други фаци, и неговиот албум Rome e колаборација со други музичари, се' мислев дека и ова е група, не знаев дека он самиот е Danger Mouse.

  2. процедурално, Danger Mouse не е група, ами музичар и продуцент. Gnarls Barkley и Broken Bells се дел од неговите групи-проекти :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии