The Sims 4 е бесплатна

The Sims 4 е бесплатна за сите фанови на овој долго-годишен серијал.

Основната игра може да биде ваша за играње преку продавницата и клиентот на издавачите ЕА. Сè што треба да направите е да кликнете тука и да си зграпчите копија. Ви препорачуваме да одите преку сајтот, а не преку клиентот затоа што многу корисници не успејале да ја „купат“ играта преку клиентот.

Инаку, The Sims 4 е интересен почеток чии механики се разликуваат од тие во The Sims 3. И покрај тоа, играта успеја да добие 70 поени на Metacritic, засновани на 74 критички мислења.

The Sims 4  е комплексна симулација за управување со дигиталните ликови, како и градење и уредување куќи според вашиот вкус. Иакo имате на располагање многу интересни механики и предмети, The Sims 4 вистински сјае само во комбинација со повеќето експанзии и додатоци. А кога сме кај нив, од 2014 па сè до сега, имате на располагање шест експанзии, 7 game packs, и 14 Stuff Packs. Ништо од ова не е бесплатно, но Origin знае да понуди некои додатоци со скромни попусти од 33% или, во ретки ситуации, од 50%. Како и да е, основната игра е бесплатна и, доколку сакате да проверите за што се работи, нема да бидете финансиски уназадени.

Веќе подолго време, The Sims 4 Digital Deluxe е дел од трезорот на Origin Access каде за месечна претплата имате на располагање над 70 игри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии