Тхе Мичо гостин на M3Con

IT.mk редакција

во Вести

Михајло Димитриевски – Тхе Мичо е нов говорник на онлајн изданието на M3Con. Тој не беше предвиден во оригиналната програма на конференцијата, но еве една добра вест по префрлањето на настанот онлајн.

Михајло Димитриевски-Тхе Мичо е еден од најпознатите илустратори и стрип-цртачи во Македонија и е страстен колекционер на игри, играчки, стрипови и низа други работи.

Тој ја започна својата кариера како илустратор за стрипови, но животниот пат го натера да смени многу различни дисциплини. Со текот на времето станува водечки илустратор во многу стрипови, илустрации, концептни уметности, раскажување приказни, настава, анимација итн. Покрај тоа, тој е уметнички режисер на неколку проекти во Македонија, меѓу кои и првиот македонски игран филм со анимација „John Vardar VS Galaxy”, а истовремено сè уште создава стрипови и сценарија.

Неговото име стои зад илустрациите на ликовите од популарната серија „Game of Thrones“, а на домашната јавност ѝ е познат по илустрациите на омилениот детски лик Петко, како и илустратор на познатите ликови од „Во светот на Биби“.

Говорот е на 30 април и започнува од 21:00. Може да прегледате или на линкот подолу или директно на страницата на М3DS академијата.

Watch live video from M3DS_Academy on www.twitch.tv

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии