The Elder Scrolls Online слави пет години постоење

Една од најдобрите ММО игри, The Elder Scrolls Online постои пет години.  За тоа време, чедото на Zenimax претрпе огромни промени, до таа мера, да моментната верзија не ни може да се споредува со почетната. Во случај да решите да поминете малку време во играта, попрецизно од 4 април до 9 мај, ќе бидете наградени со дигитална торта со чија интеракција добивате +100% повеќе искуствени поени, во времетраење од два часа.

Паралелно со ова, секоја недела од настанот ќе добивате различни дневни квестови и ќе пробате да зграпчите екслузивни награди. Имено, секојпат кога ќе комплетирате одредена дневна активност, ќе добиете Anniversary Jubilee Gift Box. Оваа кутија содржи ретки намирници за готвење или правење предмети, како и рецепти. Доколку навистина сте среќни, можете да добиете уникатен Outfit стил, или костим. На крајот од настанот, односно за време на петтата недела, ќе бидат вратени сите претходни активности и награди. Ова се чини одлично за сите оние што нема да можат да го одржуваат чекорот на подолг временски рок.

Во случај сѐ уште да го немате добиено вашето уникатно Indrik животно, и понатаму ќе можете да собирате билети, како и бобинки кои се потребни за визуелна трабнсформација на животното. Најупорните ќе можат да си купат со билетите и симпатично Indrik милениче.

Сите детали ви стојат на располагање на официјалниот сајт на ESO.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии