The Elder Scrolls Online нуди цела недела претплатнички предности

Мартин Јованчевски

во Вести

Соло или со пријатели, The Elder Scrolls Online е едно од најдобрите ММО остварувања, преполно со најразлични содржини и квестови. Иако одлично се игра ESO без претплата, одредени предности кои се врзани за вашиот паричник знаат значително да ги подобрат работите. Најголемите предности се тоа што имате целосен пристап до апсолутно сите додатоци, наограничени можности за складирање ресурси, двојно повеќе простор во банка, побрзо собирање искуствени поени, двојно повеќе можности за складирање предмети во вашите домови, како и можноста за боење костими.

Сево ова е бесплатно за проверка цела недела. Влезете во играта и, преку продавницата, зграпчете си бесплатен trial „квест“ и автоматски ќе можете да уживате во предностите. Единствено нешто што нема да ви се даде со ваквата „претплата“ се круни – дигиталната валута која се купува или со вистински пари или доколку навистина купите претплата.

The Elder Scrolls Online: Greymoor takes you back to Skyrim this ...
Скајрим во ESO ќе биде значително поразличен од Скајрим во ESV

Пробниот период се нуди месец дена пред излегување на најновата експанзија која би требало да не одведе во темното срце на Скајрим. Во исчекот на тоа, бесплатно можете да ги проверите двете најнови зандани кои, полека ве воведуваат во приказната која допрва треба да дојде.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии