The Elder Scrolls Online ќе ве одведе во Summerset

Најзагрижените Elder Scrolls фанови немаат патувано во Summerset уште од далечната 1994 година, но таквото нешто ќе се промени со најновата експанзија за ММО играта Elder Scrolls Online.

Summerset експанзијата ќе ја продолжи приказната која беше започната со Orsinium додатокот од 2015 година и ќе ви дозволи да истражувате нова зона, со новата фракција Psijic Order, како и нов сет од вештини, нова вештина за правење накит, но и нови зандани, нови босови, а и нов трајл за 12 играчи, кој ќе се вика Cloudrest.

По обемот, Summerset се поставува на слично рамниште со нивната прва поголема експанзија – Morrowind. Токму поради тоа, оваа експанзија нема да биде игрива доколку сте претплатник, како повеќето додатоци, туку ќе треба да ја купите за 40 евра. Надградба на претходно купена основна игра е поевтина, а секоја предвремена нарачка ве наградува со неколку дигитални добра, како костим, милениче, животно за јавање и слично.

Во Summerset ќе имате за задача да ставите крај на корупцијата која се заканува да го уништи општеството на High Elf. Tокму поради ова, кралицата Аурин ги има отворено границите по прв пат во историјата на Алтмери. За да навлезете во новата зона нема да чекате многу. Верзијата за PC ќе стане игрива од 21.мај, а нешто подоцна и за конзолите. Во меѓувреме, основната игра е бесплатна за играње до 27.март!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии