The Elder Scrolls: Morrowind е бесплатна до 31 март

The Elder Scrolls серијал е стар 25 години! Ваквото достигнување издавачите Bethesda решија да го одбележат така што ја поклонуваат третата игра од серијалот на сите заинтересирани. Едицијата на годината, The Elder Scrolls: Morrowind може да биде ваша така што ќе се логирате во вашиот Bethesda акаунт и бесплатно ќе си ја зграпчите играта со вметнување на кодот TES25TH-MORROWIND. По правило, ваквата промоција требаше да заврши до сега, но, поради големиот интерес и одредени технички проблеми, промоцијата продолжува сè до крајот на неделата, односно до 31 март. Играта може да се активира, презема и игра од клиентот на Bethesda.

The Elder Scrolls: Morrowind е сместена во вулканскиот остров Варденфел, а играчите се запознаваат со данмер кланот и со бројните предизвици кои произлегуваат од умот на бесмртниот Дагот Ур. Како трета игра, The Elder Scrolls: Morrowind ги постави темелите и урнекот за The Elder Scrolls: Oblivion и The Elder Scrolls 5: Skyrim. Првата игра од овој серијал, меѓутоа, е The Elder Scrolls: Arena. Таа игра излезе на 24 март 1994 година.

Паралелно со оваа промоција, Bethesda подготвува и неколку други изненадувања. За The Elder Scrolls Online, се подготвува бесплатен настан кој ќе трае до 4 април, а интересен плен ќе чека на вас во играта со карти The Elder Scrolls Legends. Ни The Elder Scrolls 5: Skyrim нема да биде запоставена и ќе понуди дополнителни содржини во играта наскоро.

Во меѓувреме, Bethesda се изјасни дека сите нивни игри и понатаму ќе излегуваат на Steam и дека нема да прифатат ексклузивни зделки со Epic. Fallout 76 исто така ќе излезе на Steam во текот на годината.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии