The Crew 2 е бесплатна за играње викендов

Целата верзија на The Crew 2 ќе биде бесплатна за играње викендов. Заинтересираните играчи наскоро ќе можат да ја преземат играта преку Ubisoft клиентот, Uplay и да ги проверат апсолутно сите мапи, возила, и настани. Од Ubisoft ветуваат опсипување со „целото искуство“ и зачувување на напредокот. Па така, доколку решите да ја купите играта, напредокот автоматски ќе се префрли и ќе продолжите онаму каде што сте застанале. На продавницата на Ubisoft, играта се продава со 45% попуст, а искуството нѝ има покажано дека на сличен третман ќе биде играта изложена и преку Steam.

The Crew серијалот никогаш не успеа да биде она што Ubisoft го посакува, а ако некој има огромна љубов за The Crew игрите, тоа е Ubisoft. За првата игра, францускиот издавач играше контроверзни  потези и финансираше бројни содржини за играта. Некои од нив не беа вклучени во сезонската пропусница и требаше дополнително да се купат. Со The Crew 2 паметиме крајно агресивна кампања од рекламирање и планина од ветувања, но и во двата случај The Crew игрите излегоа на сцената како сосема просечни продукти. За двојката, многу PC гејмери нити беа импресионирани од механиките при возењето, нити пак од неоптимизираниот порт. Како резултат, играта има само 66 поени на Metacritic, a 51% позитивни рецензии на Steam.

И покрај ова, тимот константно работеше на играта и во неколку наврати успеа да имплементира корисни надградби и надополнувања. За тоа колку успеале да ја направат The Crew 2 она што требаше да биде можете и вие да проверите. Нема да ве чини денар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии