Тhe Coca-Cola Company се рекламира со инвестирање во регионалните блогери

Кога Драган Варагиќ од Internet Group на неодамнешниот AllWeb MK зборуваше за native advertising и influence marketing, тој како пример ги наведе Coca-Cola Company и нејзиното инвестирање во влијателните блогери во регионов. Идејата зад проектот на Coca-Cola е да се мотивира огласувањето на блоговите преку ангажирање на блогерите кои нема да бидат ставени под притисок на компанијата, туку ќе имаат слобода во пишувањето. Блогерите ќе бидат платени за своите постови, а компанијата за возврат ќе добие банер на сајтот кој ќе го рекламира на таргетирана публика. Меѓу деветте ангажираните блогери е и Дарко Булдиоски од New Media MK.

„Моите мотиви се транспарентни како и сите детали за самиот проект. Еве ги тука. Сакам од прва рака да следам како ќе се развива овој храбар потег на The Coca-Cola Company и сакам да помогнам и на нашиот пазар што е можно повеќе да се прифаќаат вакви иновативни пристапи во работата на компаниите. Меѓу другото затоа ја организираме и AllWeb, конференцијата на која пред неколку дена се дискутираше токму за content marketing и influence marketing”, вели Дарко на својот блог.

Тоа што е интересно во целиот проект Bloggers Networkе што ова е еден нов вид на маркетинг преку содржина која таргетира специфична публика што би требало да е важна за една компанија. Блогерите од Србија, Босна, Хрватска и Македонија еднаш месечно објавуваат постови за разни теми, и иако постовите ќе бидат независни, сепак ќе треба да предизвикаат интерес кај публиката, која сакајќи да ги следи влијателните пера ќе го прифати и продуктот кој го рекламираaт на блогот. Како што вели г. Варагиќ во својот пост, „интерес на организацијата која ги спонзорира блоговите… е да ги врати вредностите на онлајн заедниците (во овој случај блогерите) која ги поддржува сите квалитетни онлајн проекти на организациите, и на тој начин организацијата директно влијае врз зголемување на огласувањето на блоговите“.

Проектот на Coca-Cola Bloggers Network Adria ќе биде евалуиран после една година, и доколку се покаже како успешен, ќе бидат ангажирани повеќе блогери во земјите од регионот. Блогерите, пак, кои се ангажирани во моментот ќе мора да го исполнат критериумот на објавување на квалитетна содржина, во спротивно, компанијата која ќе ги провери ефектите на постовите по три месеци, ќе може да ја прекине соработката и да ангажира други блогери.

„Искрено, посакувам ова да прерасне во успешен проект кој ќе ги охрабри и другите компаниии во регионов. Се надевам дека ќе ги научи и ќе ги мотивира да научат и другите како се работи во ерата на социјалните медиуми и на долг рок ќе има повеќе вакви акции/програми за поголем број блогери да бидат помотивирани и поактивни“, вели Дарко.

1 коментар на “Тhe Coca-Cola Company се рекламира со инвестирање во регионалните блогери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии