Тестовите на автономни возила во Калифорнија мора да бидат бесплатни

Лоша вест за компаниите кои тестираат автономни возила во Калифорнија, но добра вест за патниците. Компаниите можат да тестираат со или без возач, но тестовите мора да бидат бесплатни за патниците.

Досега во Калифорнија не можеа да се пренесуваат патници без возач кој може да преземе контрола врз автомобилот. Сега има два начини на кој компанија може да тестира со возач или без возач, но не смее да има никаква размена на пари. Ако било која компанија која тестира возила, Waymo, Lift, Uber одлучи да собере патници, не смее да им наплати за услугата, вели San Francisco Examiner.

Компаниите кои ќе го вршат превозот ќе мора ги исполнуваат правилата на Одделот за моторни возила. Дополнително, треба и да доставуваат податоци до агенцијата на секои три месеци.

Дозволата од California Public Utilities Commission доаѓа откако во февруари Одделот за моторни возила дозволи тестови без возач. Иако нема возач, возилото е надгледувано од оператор кој може да ја преземе контролата врз возилото.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии