Тестирајте ја брзината на вашата конекција со SpeedTest Master

Мартин Јованчевски

во Вести

Во време кога онлајн учењето и работа од дома се во ек, имање стабилна и брза конекција е од особена важност.

SpeedTest Master е корисна алатка за тестирање на брзината на конекцијата, но и за пронаоѓање можни проблеми поврзани со неа. На брз начин, можете да ја измерите брзината, како и да добиете интересни примери за тоа за каква брзина се рaботи.

Паралелно со ова, имате и Wi-Fi hotspot detector благодарејќи на кој инстантно се локираат конекции кои се најблиску до вас, независно од вашата локација. За крај, имате на располагање и тест за проверка на сигналот. Со овој тест би требало да го пронајдете најдоброто место за користење интернет од вашиот дом.

Како додатни бонуси, би ги споменале и можностите да детектирате кој го користи вашето wi-fi, како и да добиете увид во тоа колку се троши интернет. Апликацијата е исклучително популарна помеѓу корисниците и може да се пофали со 4.9 оценка која е заснована на над 300 000 рецензии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии