Тестирајте го вашето знаење со Sporcle

Sporcle е веб сајт кој изобилува со квизови за тривијални работи. Во ситуации кога чувствувате потреба да се предизвикате себеси или некој пријател, одберете една од категориите како географија, наука или телевизија и проверете го вашиот капацитет за помнење тривијални работи.

Квизовите доаѓаат во различни форми, односно со идентификување одредена слика преку кликнување или пишување име, бирање понудени одговори, идентификување територии на мапа и слично. Квизовите можете да ги прелистувате и според одредени параметри како тежина, должина или популарност, а можете и да започнете квиз по случаен избор.

untitled

На располагање ја имате и алатката за правење квизови и понатамошно споделување со светот. Како дел од заедницата, ќе можете да се стремите и кон освојување најразлични достигнувања, кои, за возврат отклучуваат значки и прават да се чувствувате убаво од внатре. :)

Пријатно се изненадивме и од тоа колку квизови се поврзани со нашата земја, како идентификување на македонските соседи, именување на градовите според нивната популација и местоположба, или квизот за наведување факти за Македонија.

Солидна алтернатива на Sporcle е funtrivia.com, а доколку сакате да се натпреварувате со AI противници, посетете го и actionquiz.com.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии