Спонзориран текст

Тестер на софтвер – Нашите невидливи херои

Спонзорирано од Endava

во feature, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

Во мај оваа година, околу 75.000 патници на една британска авиокомпанија беа „заглавени“ на различни аеродроми поради грешка во ИТ системот. Како резултат на тоа, на илјадници луѓе им пропаднаа плановите и настана финансиска штета која до ден денес тешко може да се процени. ИТ специјалистите посочуваат дека ваквите ситуации можат да се избегнат доколку софтверот биде навремено и подобро тестиран.

Тестирањето на софтвер е особено клучен дел во ИТ индустријата. Од квалитетот на тестирањето зависи и квалитетот на самиот ИТ производ, што води кон летови без одложувања, здравствено осигурување без грешки, навремени трансакции на пари итн.

Најголемиот дел од тестинг дисциплината работи за еден од најголемите клиенти на Ендава во Велика Британија

Потребата на софтверски тестер постојано расте. Само во Ендава, една од најголемите ИТ компании во Македонија, над 40 тестери на софтвер работат на проверка на квалитетот, и тимот постојано се зголемува. Според Мартин Анастасовски, лидер на одделот за тестирање во Скопје, позади секој проект во Ендава работи тим во кој барем една третина се софтверски тестери.

„Професијата тестер на софтвер е релативно нова во Македонија. Во моментов универзитетите имаат програми за програмирање, но не и за софтверско тестирање. Бројот на тестери на софтвер кои се потребни во ИТ проектите е до 50% поголем во споредба со другите сектори за програмирање или анализа. Тоа значи дека има отворени примамливи позиции на проекти во сферата на тестирањето на софтвер” – изјавува Мартин.

Херои зад сцената – Тестер на софтвер и можности за напредок

Денис Бојковски ја започна својата кариера во „Ендава“ во Скопје пред три години како дел од програмата за додипломци на Ендава. Со првиот проект во „Ендава“ како помлад тестер работи на автоматско тестирање и продолжува да расте и да се надградува, притоа споделувајќи го своето знаење и искуство како ментор. Има одржано предавања за автоматско тестирање на повеќето технички универзитети во Македонија и редовно учествува во активностите на Македонската .Net User Group и Македонската заедница за тестирање на софтвер. Во моментов е сениор тестер и автоматски тест-архитект за британска осигурителна компанија, еден од најголемите клиенти на Ендава. Денис постојано бара нови предизвици и шанси за развој.

Клаудиа Циобану пак, открива дека одлуката за тестирање ја донела уште од своите рани години. Кога била мала, имала можност да открие што значи тестирањето бидејќи нејзината мајка работела на контрола на квалитетот на нанометри и од време на време ја зeмала со себе на работа и сфатила колку е важно тестирањето. Таа и сама почнува да истражува начини за подобрување на квалитетот при тоа обучувајќи се за стандарди на квалитетот за различни продукти (млечни продукти, брашно, вино, месо и шеќер), за понатаму да ја заинтересира ИТ индустријата и да започне со својот развој на кариера во тестинг дисциплината.

Клаудиа веќе повеќе од 9 години работи во ИТ индустријата, а повеќе од 7 години работи во тестинг дисциплината во “Ендава”. Започнува во Романија, во канцелариите на Иаши како помлад тестер каде последователно како лидер на тимови се здобива со одлични резултати и пофалби од клиентот. Ова и отвора многу врати во Ендава каде особено се става акцент на поддршка на луѓето кои сакаат да инвестираат во себе и да достигнат максимум од својот потенцијал. Прифаќа предизвик да продолжи да работи во Македонија, овојпат како Интерим лидер на тестинг дисциплината во Ендава Скопје, каде работи за најважните клиенти. По истекот на мандатот продолжува да работи како главен контакт за клиентот со тестинг дисциплините во Ендава. Работата во Скопје за неа е една од најпредизвикувачките бидејќи се соочи со нова култура, турбулентна работна средина и високи цели, но посочува дека со упорност, труд и соработка со колегите се е надминливо.

Според Клаудиа, клуч за успехот е “да не прифаќаме статус кво и свесно да прифаќаме нови предизвици што водат кон наше сопствено професионално созревање и проширување на знаењето.

Клаудиа Циобану, Лидер на Тестирање

Љубовта кон тестирањето ја прави Клаудиа клучен дел од компанијата, нејзината желба да помогне на другите и да расте се докажа како голема помош во одржување на блиска релација не само со тимовите туку и со клиентите од што придобивки има бизнисот и се зацврстува соработката.

Симона Туџарова во „Ендава“ започна како помлад тестер и, по тригодишно искуство, сега веќе е Сениор Тестер кој може да се пофали со работа на повеќе комерцијални проекти што и отворија голем број на можности и предизвици кои ги има прифатено со ентузијазам, притоа подигајќи ја свесноста за важноста на тестирањето. Смета дека споделувањето на знаење е клучот за успехот, што во суштина е составен дел од културата на „Ендава“. Покрај професионалните обврски, Симона често е координатор на клучни интерни настани како и за Неделата за Тестирање во Ендава, што и помогна во усовршување на своите вештини за презентирање, организирање и управување со време.

Симона Туџарова, Сениор Тестер

Тестирањето претставува област каде што има можност за долгорочен кариерен напредок и каде што покрај техничка надоградба има простор за контунуиран развој на сопствените комуникациски, преговарачки и менаџерски способности.

Професија без географски ограничувања

Бизнис сферата во која „Ендава“ функционира е разновиднa, од финансиски до телекомуникациски компании, корпорации кои се занимаваат со осигурување, медиуми или продажба. Насоките во кои тестерите може да работат варираат од мануелно тестирање до различни нивоа на тестирање на перформанси, како автоматизација – на веб, мобилни, веб сервиси итн.

На интернационалниот пазар, во оваа дисциплина, има придвижување во насока на водење на професионалците кон автоматско тестирање, тестирање на перформанси, тестирање во „клауд“, сигурност и тестирање на изведба. Во канцелариите на „Ендава“ во Скопје активностите се во таа насока, со тоа што се инвестира во едуцирање и подобрување на нивото на експертиза кај вработените.

Предавање Вовед за Тестирање, Програма за дипломирани студенти за Тестирање во Ендава Скопје

Поради постојана комуникација со интернационални клиенти и соработка со тимови лоцирани во канцелариите на „Ендава“ во Европа, САД и Латинска Америка, ИТ професионалците имаат можност да работат во тим со колеги во различни земји, локации, на различни јазици и со различна култура од локалната.

Споделување на знаење од Македонија до Велика Британија и Америка

Дел од Тестинг Дисциплината на Денови на Тестирање во Ендава Скопје

Одличен пример за ова е тимот професионалци од Скопје кој заедно со колеги од други локации во “Ендава” работат за осигурителна компанија која е еден од најголемите клиенти на “Ендава”. Дел од овој тим е Верица Блажеска, лидер на тестинг тимот во „Ендава“ Скопје.

Верица веќе две години е лидер на повеќе тимови за тестирање во „Ендава“ Скопје. Таа здобила големо искуство во сферата на раководење на тестинг процесот, работејќи со два тестинг тима. Секој од тие тимови за развој работеа со клиентот како еден тим и тоа претставува предизвик како и можност за олеснета комуникација.

„Се патува често и одиме редовно на состаноци со клиентот, што дополнително придонесува кон градење на долгорочен и професионален однос со клиентот но и со тимот” – додава Верица.

Од самиот почеток, таа го обучува целиот тестинг тим вклучен во нејзиниот проект водејќи ги и помагајќи им да го достигнат својот кариерен развој. Посочува дека е бесценето чувството кога ќе ги видиш луѓето во тимот како преминуваат од јуниори во сениори, како вистински созреани тимски играчи кои им помагаат и на помладите колеги да растат.

Во моментов, Верица води тестинг тимови од кои секој е со различен карактер и цел. Тоа е предизвик, но со поддршката од лидерскиот тим на „Ендава“ ова претставува само уште една лесно минлива пречка.
Покрај обврските околу проектот, како лидер на тест менаџмент практиките, таа ја превземала и иницијативата да организира привремена група за ISTQB фондација за сертифицирање. Среќна е дека успеала дури тројно да го зголеми бројот на ISTQB сертифицирани тестери во „Ендава“ во Скопје.

“Да се биде дел од Ендава значи да имаш специфични вредности кои ги споделуваме и рефлектираме и надвор од неа” – појаснува Блажеска.

За „Ендава“:

„Ендава“ е приватна IT компанија со над 17 години искуство работење со светските лидери во финанси, осигурување, телекомуникации, медии, технологија и малопродажба. Преку понуда на решенија за агилна трансформација, дигитална еволуција и автоматизација, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни и флексибилни.

„Ендава“ има над 4600 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Бугарија, Србија, Македонија, Аргентина, Уругвај, Венецуела и Колумбија.

Покрај инвестирањето во долгорочни односи со клиентите, „Ендава“ ја препознава и важноста да им овозможи на своите вработени содржајни кариери исполнети со предизвици и преку тоа се етаблира себеси како еден од најпосакуваните вработувачи за најдобрите и најспособните инженери.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на маркетинг агенцијата на Endava. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии