(Доколку сакате да дискутирaте за рецензијата, да прашате или споделите искуство, направете го тоа на форумот на IT.com.mk)

Logitech е на тронот кога е во прашање гејминот. Со G серијата уште од далечната 2006 години докажа дека може да направи опрема за играње со висок квалитет и одлични перформанси. Неколку години подоцна Logitech ја престави и освежената верзија на G25, а тоа е G27. Ова е воланче кое речиси да нема ниту еден недостаток. Најголемиот подарок на Logitech кога е во прашање тркачки симулации е токму Logitech G27 Racing Wheel. Ова е волан кој ветува многу и обезбедува добар квалитет, низа на нови карактеристики со екстремно издржливи метални компоненти и естетски делови обложени со кожа. Добивме шанса да го имаме на темелно тест возење и нашите импресии и оценки за него да ги споделиме со вас.

Спецификации

  • Модел: Logitech G27
  • Комбаталбиност: Windows vista/7, PS2, PS3
  • Вибрации: Да. Dual-motor force feedback
  • Брзини: 6+1
  • Дополнителни копчиња: 16+ D-pad
  • Ротирање на волан: 900°
  • Домензии(на кутија): 45.5 x 34.3 x 31.5 cm
  • Тежина (во кутија): 8 Kg
  • Гаранција: 1 година
  • Цена: 23.590 ден

Пакување

G27 се испорачува во картонска кутија на која преовладува зелената боја препознатлива за Logitech. Централно на предната страна има голема слика од воланот. Во долниот десен агол на предната страна се сместени главните карактеристики, а лево е ознаката G27. На двете бочни страни е сместена слика на која визуелно се прикажува како се прицврстува на биро.

Во внатрешноста, освен трите главни делови нема ништо специјално: полнач, упатство за користење и CD со пропратен софтвер за рачно програмирање на копчињата.

Дизајн

Квалитетот на изработката и физичкиот изглед немаат апсолутно никаква мана, од избор на материјали до конечна изведба. Воланот е изработен од црна пластика која е дизајнирана во облик на автомобилска хауба. Предниот дел е со мрежичка која исто така наликува на маска од автомобил.

Воланот е изработен од брусен алуминиум обложен со кожа, екстремно издржлив на удари. Кожата има текстура отпорна на пролизгување. Наликува на вистински волан.

На металните краци кои го држат воланот има 6 копчиња кои дополнително се програмираат, како и две дополнителни рачки исто така изработени од метал.

Во централниот дел се наоѓа логото на Logitech, а над него се наоѓа индикаторот од 10 LED во две бои кој покажуват максималeн број на вртежи. Овој детал потсетува како кај F1 автомобилите и е одличен детал на G27 воланот.

На долната страна се наоѓаат конекторите за педалите и менувачот, напонскиот кабел како и USB кабелот за воланот преку кој се врши комуникацијата со компјутерот. Каблите се доволно големи и нема да имате проблем при поврзувањето.

Менувачот е исто така изработен од црна пластика со сиви детали и кожа околу и на рачката за менувачот. Централно се поставени 8 програмабилни копчиња и џоистик, на кои, со помош на пропратниот софтвер, можете да си креирате различни профили за различни игри и на истите да им дадете различни команди, во зависност од играта.

Рачката за менувачот е доста нежна, а можеби и преслаба за страсни возачи како мене. Лесно се управува со него и целосно тивок. Има 6 брзини + „рикверц“. На рака воопшто не делува како играчка, туку како вистинска менувач на скап автомобил. Дирекната комуникација со компјутерот се врши преку женски VGA приклучок кој се поврзува со воланот.

Педалите се изработени од груба пластика со метални спортски педали кои имаат иноватен систем за притискање. Изработени се од брусен алуминиум со многу голема прецизнос и сличност до оригиналите. Висината на педалата за кочница и кумплунгот е повисока, што го прави користењето на педалите уште поудобно. Поврзувањето на педалите со воланот се врши преку машки VGA конектор. Направено е така за полесно инсталирање.

Функционалност

Освен што G27 не освои со неговиот екстра квалитет и изглед, не освои и со функционалноста. Во оваа играчка Logitech има вградено неколку иновативни моменти кои ја оправдуваат цената. Првата е Force feedback. Тоа значи дека G27 има два мотори за повратна сила, чии запчаници се изработени во спирален систем кој овозможува поголема ефиксност и помала бучава при голема брзина на вртење на моторите. Тоа резултира со помали повратни вибрации кои возењето го прават по приjатно. Eве за пример две видеа од кои може да се види разликата од обичен и спирален gear систем.

[youtube]H1cfbv7iqsY[/youtube]

[youtube]bvj7Q9Oj-B4[/youtube]

G27 има дополнителни дипчиза за приспособување на позицијата на педалите за подобра ергономија. Сите G27 доаѓаат со ремени педали, кои се поставени во централната дупка. Ова е многу корисна карактеристика, бидејќи сите нозе се индивидуални и имаат различни големини. Притискањето на педалите се врши со помош на амортизери кои се со различен притисок за сите три педали и со различна длабочина. Како дополнително напојување потребно за двата мотори на воланот се користи адаптерот кој доаѓа со пакувањето.

Тест возење

Тест возењето е еден од најважните моменти за да заклучиме дали и колку некој производ вреди. Па така и овој волан го извозивме и споделивме импресии. Игра на која се тестираше беше WRC3, ја избравме токму оваа игра поради тоа што е доста реална и е она што ни треба за да донесеме заклучок.

Сетинзите на играта беа наместени на масимум, а контролите на воланот прилагодувани мануелно. Конфигурирањето на копчињата на воланот се врши со помош на софтверот Logitech Profiler, преку кој се креира профил, за секоја игра одделно и истиот се зачувува. Местењето на командите одзема доста време доколку прв пат се сретнето со програмчето кое доста сложено. G27 доаѓа со софтвер верзија 5.05 и Cd со rFactor, компатибилен со PC, PS2 и PS3.

Откако сe подготвивме и наместивме за возење, изигравми 2 часа под голема оптеретеност. Првите импресии се дека G27 е прецизен, тивок и одлично си ја извршува својата задача, но понапредните играчи на тркачки симулации ќе најдат неколку мани. Тоа се следниве:

  • Премногу се меки повратните информации (вибрации) кога тркалата на автомобилот ќе се најде надвор од асфалтирана површина. Без разлика на колку нерамен пат се наоѓа, вибрациите минимално варираат што не ги доловува целосно условите на патот.
  • Исто така, индикаторот за максимален број на вртежи не ги поддржува сите игри, што во нашиот случај на WRC3 не работеше.
  • Многуте копчиња на самиот волан одземаат внимание при користење. Многу често доколку при трка сакате нешто да промените а притоа не погледнете кое копче го притискате може да притиснете погрешно копче.

Позитивно искуство во секој случај, малиот број на недостатоци се потиснати од огромниот број на предности што ги има воланот. Eве еден краток gameplay:

[youtube]JCop3GJM-og[/youtube]

Заклучок

Иако ова не е сосема нов производ, туку само освежена верзија на G25 воланот, Logitech успешно ги задоволуваат потребите на нивните корисници. Педалите се фантастични, воланот уметничко дело, а менувачот комбинација од двете. Инжинерите на Logitech внимателно ги следеле сите недостатоци на претходната верзија и се поправени во поновата G27 верзија. Треба да се горди на својот успех што го имаат на пазарот, а ние можеме само да им бидеме благодарни што ни овозможуваат целосно да уживаме во тркачките симулации и да се соживееме со нив.

Позитивно

  • Современ и кул дизајн.
  • Двоен мотор со спирални запчаници кои овозможуваат подобра повратна сила.
  • Одлична трансмисиjа.
  • Добра ергономија на педалите.
  • Софтвер кој овозможува програмирање на копчињата на воланот во зависоност од игрите.

Негативно

  • Не поддржува Xbox 360 што е разочарување.
  • Комплициран софтвер (за почетници).
  • Рачката на менувачот е нежна за страствените возачи.

Благодарност до Niko компјутери кои ни го отстапија воланот на тест.

2 коментари на “Тест возење со Logitech G27 Racing Wheel

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии