Tesseract Interactive си најде издавач со кој ќе ја објават Excubitor

Откако Excubitor го доби „зеленото светло“ од гејминг заедницата на Steam, сега македонското гејминг студио Tesseract Interactive најави соработка со издавачот Kasedo Games кои ќе им помогне нивната игра да биде објавена за PC, Mac и SteamOS. Ова се одлични вести за македонскиот стартап кој иако започна како хоби, сега се доближува до конечно издавање на играта. Tesseract вели дека имаат доволно пари за да ја завршат играта целосно, а помошта од издавач ќе им помогне и да ја диструбуираат на различните платформи. Excubitor неофицијално се очекува на почетокот на 2016-та година.

Тоа што им се допаднало на Kasedo Games, кои веднаш објавија трејлер за Excubitor, е „добрата механика на играта што допринесува кон наградувачко гејминг искуство“. Оваа мислење го делиме со германскиот издавач, бидејќи кога прв пат ја игравме Excubitor бевме изненадени колку играта е добро направена. Инаку Kasedo е германски издавач на видеоигри, кој е под капата на Kalypso Media. Според нивниот ПР, тие „се посветени на објавување на високо-квалитетни игри за средни цени, кои се дистрибуираат дигитално“. Во нивното портфолио се игри како Blood Knights, Hegemony Rome: Rise of Caesar и Mechs & Mercs: Black Talons.

1 коментар на “Tesseract Interactive си најде издавач со кој ќе ја објават Excubitor

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии