Tesla во спор со поранешни вработени, поради „кражба“ на персонал

На Tesla Motors и на Илон Маск по сѐ изгледа им здодеа да бидат мета на секоја компанија која развива електрични возила. Компанијата претходно му дозволи на Apple да „украде“ дел од инжинерите, но сега им е доста.

Tesla го обвини лидерот на развојниот тим за технологија за автономија, Стерлинг Андерсон, за кражба на тајни и вработени. Заедно со него тужба доби и Крис Умсон од Google, јави Verge.

Тужбата го обвинува г. Андерсон за преземање на стотици гигабајти на податоци од Tesla на својот компјутер. Овие податоци се доверливи и се во сопственост на компанијата. Дополнително тој е обвинет за обид за крадење на вработени од Tesla. Сепак, од десетина вработени на кои им пристапил само двајца се приклучиле во новата компанија.

Овие вработени требале да одат заедно со него да се преселат во компанијата Aurora. Побараната оштета и нејзината висина ќе бидат одлучени во судот, доколку се потврди дека Tesla е во право.

„Неоснованата тужба на Tesla ја открива нивната параноја и стравот од конкуренција. Оваа злоупотреба на судскиот систем е злонамерен напад да се забави конкуренцијата и да се наруши лична репутација. Aurora ќе се одбрани од лажните обвинувања и ќе продожи со изградбата на технологија за автономни возила.“, вели Крис Урмсон за Recode.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии