Tesla треба да повлече 158 716 постари возила

Дејан Соколоски

во Вести

Tesla е највредниот производител на автомобили во светот, но ова не значи дека компанијата нема проблеми. Агенцијата за безбедност на возила побара од производителот да повлече 158 716 возила.

Причината за повлекувањето на возилата е проблем со екранот на допир. Возилата кои го имаат проблемот се постариот Model S и урбаното теренско возило Model X. Дефектот се јавува кај возила направени пред 2018-та година. Проблемот се јавува како последица на ограничениот број на запишувањa кај единица за контрола на медиа (media control unit). Поради ова по определен број на запишувања или бришења, единицата престанува да работи.

Ова делува на помал проблем, но како последица на нефункционирањето на екранот на допир, возачот не може да ги користи загревањето, клима уредот, одмрзнувањето и одмаглувањето, ниту задните камери. Агенцијата процени дека ова е доволно опасно овие возила да се повлечат од патиштата.

Бројката на возила кои треба да бидат повлечени можеби не изгледа превисока, но е одличен показател за тоа дека вредноста на Tesla многу повеќе се заснова на идни ветувања отколку на она што го испорачуваат во моментов. Овие 158 716 се 10% од возилата кои компанијата ги произведе до крајот на 2020.

Проценките се дека во следните 10 години ќе се расипат сите „media control“-единици во возилата произведени пред 2018.

Tesla може да го одбие барањето на Агенцијата за безбедност на возила, но ќе мора да приложи објаснување зошто одбива, а потоа агенцијата може да преземе нови акции, вели CNBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии