Tesla се судри со полициско возило

Image courtesy of Laguna Beach PD / Twitter

Автомобил Tesla се судри со паркирано полициско возило. Сообраќајната незгода се случила додека возилото возело автономно. За среќа никој не бил во полициското возило во моментот на несреќата. „Возачот“ на Tesla помина со полесни повреди, јави BBC.

Главната причина поради која овие незгоди се случуваат е што оваа технологија е сè уште во тест фаза. Но, сопствениците на возилата не ги следат предупредувањата и упатствата од производителот, дека мора да внимаваат и да преземат контрола врз возилото ако тоа е потребно. Наместо ова, прават нешто што им го одзема вниманието и има нескани последици.

Сепак и со вакво однесување на возачите, автономните возила се далеку побезбедни од луѓето во сообраќајот. За жал, вестите во кои автономните возила ги спасуваат луѓето не се интересни па никој не пишува за нив.

Сепак имаше и добри вести за Tesla. Компанијата по неколку дена „бојкот“ од Consumer Reports доби зелено светло. Иако пред една недела автомобилот беше оценет како полош од просекот, сега веќе доби позитивна оценка.

Интересно, подобрувањето на оценката доаѓа главно поради автоматската функционалност за забавување на возилото. Компанијата го имплементираше забавувањето и на автопат, и со тоа значително се скуси патот потребен за запирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии