Tesla откри нови детали за својот автопилот

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Производителот на електрични возила Tesla, откри нови детали за системот за асистенција при возење. Засега автопилотот во нивните возила не е сосем автономен, но компанијата се надева дека ова ќе се промени во иднина.

На сајтот на компанијата има одлично објаснување за хардверот, вештачката интелигенција и можностите на пилотот на Tesla. Тимови на компанијата во целост го изработуваат решението, од хардвер до алгоритам. Она што е супер интересно е дека Tesla има отворен оглас за заинтересирани за развој на автопилотот.

Од барањата може да разбереме дека компанија најголем дел од технологијата ќе ја изработува сама. Од чиповите и хардверот, до невралните мрежи, алгоритмите и кодирањето.

И колку и да е ова интересно, сепак видеото кое ни прикажува како возилото ја гледа и препознава околината. Овие видеа се прилично слични од една до друга технологија, иако можеби главна причина за ова е што тоа е наједноставниот начин кој нас ни објаснува како сè ова функционира.

Tesla Autopilot demonstration

An impressive demonstration of how Tesla Autopilot analyzes everything it “sees”. Tesla explains its neural networks and advanced AI: https://tesla.com/autopilotAI

Gepostet von Smashing Magazine am Donnerstag, 6. Februar 2020

Дополнително оваа недела дознавме и колку прецизно ќе работи и помни вештачката интелигенција зад возилото. Пилотот не само што ќе ги забележува дупките на патот, туку и ќе креира мини-мапа во која ќе ги зачувува овие податоци, вели Electrek.

Конечното решение со кое се определува конечната патека на движење е базирано на 48 неврални мрежи и над 70 000 часови тренирање со GPU. Во секоја момент системот разгледува 1000 различни предвидувања во мрежата.

Токму креирањето на овие мапи се актуелни за компанијата во моментов. Сензорите на сите Tesla возила ја креираат ова мапа и ги префрлаат податоците на обработка во невралните мрежи.

3Д етикетирање е следната „голема работа“ – автомобилот со 8 камери може да помине низ локација и да наслика патека во реално време, потоа да означи патеката во 3Д. Ова е веројатно ќе биде две до три класи подобрување на обележувањето ефикасност и прецизност, вели г. Елон Маск.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии