Tesla најави нов автомобил; го надгради Model S да забрзува до 100 км/ч за помалку од 3 секунди

Tesla Motors најави нов електричен Roadster автомобил, и иако ова е одлична вест што доаѓа официјално од компанијата, сепак ќе треба трпение. Новиот автомобил ќе биде достапен дури по четири години. Сегашниот Roadster е модификуван Lotus Elise, но според најавата новиот модел ќе биде потполно ново возило, пренесува Verge.

Дополнително компанијата најави надградба на сите Model S возила која ќе овозможи забрзување од 0 до 100 километри на час за само 2,8 секунди. Пред оваа надградба за ова забрзување беа потребни 3,2 секунди. Името на модот на работа е „Ludicrous Mide“ и по се изгледа е сосем оправдано. Дополнително за потребите на овој начин на работа, батеријата е зголемена од 85 на 90 kWh, што е доволно за 480 километри помеѓу полнењата доколку возачот вози со 104 km/h.

Зголемувањето на брзината е овозможено благодарение на надградбата на електрониката на автомобилот, па сега е можно безбедно да се повлечат повеќе ампери без притоа да се загрози безбедноста на автомобилот. „Досега забрзувањето беше ограничено од тоа колкава количина на електрична енергија може безбедно да се повлече од батеријата, околу 1.300 ампери. Над ова и ризикувате да прегори осигурувачот. Tesla разви нов осигурувач кој со помош на електроника и сопствена литиум јонска батерија детектира кога е блиску до топење и ја намалува струјата. Ова овозможува поголема можност за грешка и повеќе ампери од батеријата.“, пренесува Wired.

Вљубениците за брзи автомобили можат да го надградат сопственото возило во Tesla центрите, а замената на батеријата и новиот осигурувач ќе ги чинат 3.000 долари за батеријата, и 5.000 долари за двете за P85D или 10.000 долари за P90D. Компанијата не се откажува ниту од Model X SUV, теренско возило, а според Илон Маск, дел од технологијата која ја претставуваат денес, како батериите со поголем капацитет се неопходни за Model X.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии