Tesla Model S изгоре за помалку од 5 минути

Во вообичаен ден, Tesla Model S е еден од најбезбедните автомобили,но на лош ден е „опасност на тркала“. По неколку сообраќајни незгоди, во ново видео, може да се види како Tesla Model S целосно гори за 5 минути. За среќа, во несреќата која се случи во Франција, нема жртви, а патниците и возачот на автомобилот навреме се оддалечиле.

Додека возеа, возачот и патниците слушнале силен звук. Возилото ги предупредило патниците, а тие го напуштиле возилото, вели Arstechnica. Најверојатно одговорна за огнот е батерија, која можеби е пробиена во текот на возењето. Tesla има дополнителна заштита на батериите, но овојпат литиум-јонската батерија е пробиена.

„Сѐ беше готово за помалку од една минута. Оган и за помалку од пет минути автомобилот беше потполно уништен.“, вели возачот.

Најверојатно во текот на возењето автомобилот, удрил во пречка и се пробиени заштитата и батеријата. Во најлошо можно сценарио за Tesla, можно е батеријата да експлодира и од преголемо напрегање.

https://twitter.com/cedricfaiche/status/765325217673732096

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии