Tesla Мodel 3 е „поевтин“ електричен автомобил за сите

Tesla конечно стигна до третата фаза која основачот Илон Маск одамна ја посакуваше – производство на електричен автомобил кој ќе може да го купат сите. Компанијата го претстави Tesla Model 3 кој започнува со продажба во 2017 година, по цена од 35.000 долари за основниот модел.

„Забрзување до фаза на одржлив транспорт е навистина, навистина, навистина многу важно за иднината на светот, во кој бележиме рекордно ниво на CO2… “, вели Илон Маск во презентирањето на новиот Model 3. Но, иако настапите на г. Маск секогаш се возбудливи бидејќи на него се гледа како на еден од најиновативните луѓе на планетава, овој пат ѕвезда на вечерта беше автомобилот, иако на прв поглед Model 3 не изгледа ништо поубав од Model S.

 
Tesla Model 3 може да помине 344 километри со едно полнење, од 0 до 100 километри на час забрзува за 6 секунди, а веќе е најавена и втора верзија која ќе биде многу побрза. Model 3 ќе доаѓа со интегриран автоматски пилот, а иако оваа веризија доаѓа со погон на задни тркала,а веќе е најавена верзија со погон на сите тркала. Сите автомобили од Model 3 серијата ќе доаѓаат со Super Charge, а како последица на очекувањата дека новиот автомобил ќе биде достапен за поголем број на возачи, Tesla најаци дека моменталната инфраструктира на полначи ќе ја зголеми од 3.600 на 7.200.

1 коментар на “Tesla Мodel 3 е „поевтин“ електричен автомобил за сите

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии