Tesla K80 е најбрзата графичка картичка во светот, можеби и пошироко

Tesla K80 е најбрзата графичка картичка произведена досега. Претходникот Tesla K40 графичките картички се користат во дел од најбрзите суперкомјутери. Картичката е способна за 8,74 терафлопи, а дури и десктоп картичката од Nvidia, GTX 980 има импресивни перформанси со 5 терафлопи. Основната работна фрекфенција на процесорот е 562 MHz, а во буст мод 875MHz. Засега е непозната колку долго процесорот може да работи во овој мод, вели ExtremeTech.

K80 доаѓа со со два GK110 процесори, споени во нов GK210 процесор. Tesla K80 доаѓа и со двојно повеќе меморија од претходникот K40, односно 24 GB RAM. Картичката е наменета за креирање на симулации на модели за визуелизација, но и за примена во индустријата за нафта и гас каде може да помогне да се пронајдат најдобрите места за бушење. Tesla се користат и во сервери за креирање на виртуелни десктопи. Што се однесува до игрите, што претпоставуваме дека повеќето од вас ги интересира, дефинитивно може да „вози“ се на максимум!

За 2016 година Nvidia најави подобри перформанси со Pascal архитектурата и нова on-chip комуникациска технологија. Со новиот NV-Link податоците ќе можат да се разменуваат побрзо. Засега компанијата користи PCI-Express 3.0 конекција која сепак ја ограничува брзината на Titan.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии