Tesla ги воодушеви сите со новиот Model X

Само што ќе помислиме дека конкуренцијата се приближува до автомобилите на Tesla, од компанијата на Илон Маск излегуваат и во една презентација демонстрираат дека се години пред конкуренцијата. Помалку од еден месец помина откако BMW го претстави концептот на електричен автомобил со кој се приближија до капацитет на батеријата до Tesla Model S, а од Tesla сега најавуаат дека до 2020 година нивните батерии ќе можат со едно полнење да поминат над 1.000 километри, јави Mashable.

Но, компанијата не застана тука. По три години претстави и нов автомобил, Model X, кој започнува да се испорачува веќе од денес. Првите модели на Model X доаѓаат со сите опции вклучени, но затоа и цената на автомобилот е луда – 130.000 долари! Дел од технологијата искористена во Model X веќе можевме да видиме во Model S, па споредбата и описот како огромен Model S не се изненадување. Двата мотори во последниот модел на Tesla S се изработени за овој автомобил. Благодарените на оваа технологија Model X ќе биде еден од најбрзите седани и електричен автомобил креиран за области каде климата е поладна.

Model X сè уште е фамилијарен автомобил со три реда седишта, но забрзувањето од 0 до 100 километри на час е 3,2 секунди. Лоша вест е дека со едно полнење на батеријата Model X поминува помалку, но единствено 5 или 20 километри помалку, во зависност од моделот, што е незначително. Tesla Model X е последниот скап модел кој ќе биде креиран од компанијата, а по него следен автомобил кој ќе биде достапен треба да биде Model 3 кој треба да биде достапен за сите. Елон Маск објави и дека целта на Tesla е до 2020 возилата од овој производител да бидат автономни, за неколку месеци треба да биде достапен и автопилот, иако единствено со основните функции.

1 коментар на “Tesla ги воодушеви сите со новиот Model X

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии