Tesla претстави соларни батерии за домови, се викаат Powerwall

Едвај по месец и половина од првата најава, Tesla Motors ги претстави батериите за домовите – Powerwall. Батериите треба да бидат енергетска резерва за соларните ќелии во периодот кога не е сончево, кога за напојување не може да се користи сончева енергија. Батериите ќе бидат и резерва во периодите кога ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.

Сепак идејата зад батеријата е далеку поблагородна – ослободување од зависноста од фосилните горива, а со тоа и намалување на загадувањето. Батеријата е прв чекор кој би овозможил нулта-емисија на гасови при производство на електрична енергија, вели Tesla Motors. Само во САД изминатата година при производство на електрична енергија, како нус-производ се ослободени 2.000 метрички тони CO2.

Батеријата за домот е базирана на батериите за Tesla возилата, доаѓа со 10KWh за бекап примена или со 7KWh оптимизација за секојдневна примена. Првата оптимизација е направена за работа во електрична мрежа и се вклучува во случај кога има прекин на електрична енергија. Втората 7KWh оптимизација е направена за работа со соларни панели и овозможува напојување во случај кога не може да се користи сончева енергија. Цената на системите е 3.500 долари за 10KWh и 3.000 долари за 7KWh систем. Цената е без вклучени инвертор и инсталација, што би можело значително да ја покачи цената на целокупниот систем. Добра вест е што системот ќе функционира со голем дел од поестоечките инвертори, па за дел од корисниците кои веќе ја користат сончевата енергија нема да има потреба од дополнителен трошок.

2 коментари на “Tesla претстави соларни батерии за домови, се викаат Powerwall

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии