Tesla ги истражува тврдењата за сајбер напад

По објаватa за веста дека хакери ја пробиле заштитата на Tesla и ги користеле компјутерите за копање на криптовалути, потврда стигна и од фабриката.

Компанијата потврди дека облакот на Tesla e компромитиран од напаѓачите. За среќа не се украдени податоците на корисниците. Напаѓачите биле фокусирани на интерни системи на кои инженерите ги тестираат возилата, пренесе BBC.

„Нашата првична истрага не индицира дека приватноста на корисниците e компромитирана на било кој начин“, велат од Tesla.

Crypto-jacking е напад во кој напаѓачите инсталираат свој софтвер за копање на крипто валути на нападнатите компјутери. Така, компјутерите копаат крипто валути за своите нови „господари“, и прилично бавно ги завршуваат сите останати задачи.

Високата цена на крито валутата и желбата за брза заработа придонесе до поголемото користење на овие напади.

„Како шо расте цената на крипто валутите, расте и бројот на овие напади. Она што го гледаме е епидемија“, вели Упа Кембел од RedLock, безбедносна компанија која го откри нападот во Tesla.  „Порано беше исплатливо за хакерите да ги украдат податоците на компаниите, но хакерите секогаш го бираат патот на најмал отпор. Cryyptojacking е многу полесно бидејќи влегуваат во околинтата и го користат компјутерот за креирање пари“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии