Tesla Motors добива конкуренција поддржана од кинески милијардер

Image courtesy of Faraday Future

Tesla Мotors го доби својот најголем конкурент, и овој пат конкуренцијата е финансирана од кинески милијардер. Калифорниската компанија Faraday Future која стартуваше пред само 18 месеци, планира наскоро да го објави својот прв електричен автомобил. Компанијата има поддршка од Џиа Јуетинг, кинески милијардер кој стои зад LeTV – кинеската верзија на Netflix, а неодамна се појавија и гласини кои ја поврзуваат Faraday Future со Apple, вели New York Magazine.

Компанијата веќе разгледува локации за своите погони во Невада, а се шпeкулира со првична инвестиција од милијарда долари. Г. Јуетинг во интервју за Wall Street Journal изјави дека сака неговиот автомобил да биде подобар од Tesla Model S.

Но, Илон Маск, директорот на Tesla Motors, отсекогаш тврдел дека сака повеќе конкуренција и повеќе производители на електрични автомобили, иако сигурно нема да му се допадне „крадењето“ на неговите вработени. Faraday Future вработува инженери од Tesla, како Ник Самсон, кој беше на чело на развојниот тим на Tesla, и веќе размислуваат да ја ископираат стратегијата – да се претстави едно луксузни возило со кое ќе се етаблира брендот, а потоа ќе бидат креирани возила за останатите потрошувачи. На компанијата освен г. Самсон и се приклучи и Портер Харис, дел од тимот кој ги развива батериите на SpaceX, уште една компанија на Илон Маск. Во Faraday работат и дизајнери со искуство од BMW, Audi и Ferrari.

Доколку се оди според планот првите автомобили од Faraday ќе бидат достапни во 2017 година, вели Los Angeles Times.

1 коментар на “Tesla Motors добива конкуренција поддржана од кинески милијардер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии