D е нов автомобил од Tesla со два електрични мотори

Илон Маск конечно ja oткри новата верзија на својот електричен автомобил – Tesla D – кој е првиот модел од фабриката со погон на четири тркала. Оттука и името на автомобилот „D“ или дуал бидејќи доаѓа со два мотори, еден за предните и еден за задните тркала. Погонот на сите четири тркала ќе го намали најголемиот проблем на претходникот Model S, кој има проблем во полоши временски услови.

„Успеавме да подобриме се во возилото“, вели Илон Маск за USA Today. „Автомобилот е навистина брз – од 0 до 60 mph забрзува за само 3,2 секунди“

Заедно со возилото, Илон Маск презентираше „уште нешто“. Oвој пат тоа е можноста на автомобилот да ги распознава знаците на патот и самостојно да се прилагоди на условите. Така на пример возилата нема да можат да возат побрзо од максималната дозволена брзина или автоматско менување на лентата доколку возачот одбере да заврти.

Tesla D ќе биде достапен веќе во декември, но ова важи за најскапиот модел 85D. Tesla 60D и Tesla P60D ќе бидат достапни во февруари.

[youtube]FZ6lZJWL_Xk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии