Tesla Autopilot 8.0 доаѓа со куп промени

Илон Маск претстави нова надградба на автопилотот на Tesla. Надградбата 8.0 е огромна, а дел од промената е пренамената на радарот и вклучување на „учењето“ од останатите возила во флотата, јави Venturebeat. Новиот систем ќе биде достапен со софтверска надградба за сите возила произведени по октомври 2014.

Новото автоматско управување ќе биде трипати побезбедно, тврди г. Маск

Новата промена наместо камерите ќе го направи радарот примарен сензор. Досега радарот се користеше единствено за насочување на камерите, доколку камерите не го препознаваа објектот автомобилот не запираше. Возилата имаа проблем со сообраќајни незгоди, а радарот како примарен сензор треба да помогне да се надминат овие проблеми.

„Новиот радар ќе може да се користи за возилата да гледаат што се случува и пред автомобилот пред вашиот.“, тврди г.Маск

Дел од проблемите со запирањето остануваат. Автомобилите нема да можат да детектираат помали животни на патот, но без проблем ќе можат да застанат доколку има крава. Доколку системот беше имплементиран порано Џошуа Браун, првата жртва на автономните возила немаше да загине.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии