Терористите во Париз не користеле софистицирана енкрипција, туку припејд телефони

При секој посериозен терористички инцидент се отвара дебата дека терористите ја злоупотребуваат технологија, дека се кријат зад енкрипција, и дека таа заштита на приватноста и анонимноста треба да падне. Во изјавата за терористичките напади во Белгија, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов предупреди дека „терористите ги користат сите расположливи средства на 21 век“, повикувајќи ги безбедносните служби на сите држави на заедничка соработка во дешифрирање на технологијата за поголема безбедност. Г. Иванов не е единствениот државник кој предупредува на опасност од технологијата, но се чини дека стравувањата во најголем дел се неоправдани.

Нови податоци за нападите од Париз во ноември 2015-та, велат дека терористите всушност користеле припејд телефони. На почеток се обвинуваше дека користат софистицирана енкрипција за да се скријат, но сега се открива токму спротивното. Тие телефоните ги смениле неколку пати, а последните телефони кои ги користеле се вклучени нецел час пред нападите. Пронајдениот телефони има белгиска SIM картичка, и бил користен за разговор само со еден број. Освен ова полицијата нашла куп припејд телефони што воопшто и не биле aктивирани.

Најголем дел од извештаите и претходно покажуваа дека терористите не се технички експерти какви што ги прават дел од медиумите и безбедносните служби. Напротив, по испитувањето на телефонот на Абделахамин Абаоуд, учесник во терористичките напади во Париз, покажа дека користат неенкриптирана комуникација и не се грижат премногу за заштита на својот идентитет.

Сепак, постојат случаеви како тој во САД каде Федералното истражно биро (FBI) бара од Apple да им помогне да го отклучат телефонот на терористот од Сан Бернардино, кој уби 14 луѓе во декември 2015-та година. FBI вели дека Apple мора да направи backdoor во iPhone, иако компанијата стравува дека тоа ќе биде легален преседан кој ќе им дозволи на властите да ги следат сите граѓани. Интересно, податоците до кои дојде New York Times покажуваат дека терористите не само што не користеле имејл за испраќање пораки, туку во целост го избегнувале Интернет, најверојатно од страв дека секој нивен чекор би можел да биде следен.

1 коментар на “Терористите во Париз не користеле софистицирана енкрипција, туку припејд телефони

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии