ИТ терминологија #4: AES 256, CSV, Mesh router, PS/2…

Мини серијал кој на кратко ја дефинира ИТ терминологијата.

1080p е резолуција од 1920х1080 пиксели. Во поглед на видео прикази во висока дефиниција, 1080p обично се наметнува како резолуција од исклучително висок квалитет. Други помали резолуции се 720p (1280×720), 480p (640 × 480), 360p (480 x 360) и така натаму. Ако пуштите клип на YouTube ќе забележите дека што e помала оваа бројка толку е полош квалитетот на видеото, но, од друга страна, троши значително помалку интернет за прикажување на истото.

AES 256 или Advanced Encryption Standard е една од многуте форми за енкрипција кои шифрираат информации кои можат да се прочитаат само по внесување на точната лозинка. Во AES семејството припаѓаат и членовите 128 и 192, но, од трите, AES 256 е нај комплексната и, воедно, најтешката метода за пробивање која бара 2128 пати поголема моќ од 128-битната енкрипција.

Cashe е привремено одделен простор за складирање информации. Таквите информации можат да се вдомат во РАМ меморијата или пак во хард дискот, како простор кој обично се користи од прелистувач. Прелистувачот всушност го користи кешот како еден вид краткорочна меморија и најчесто има за цел да сочувува копии од претходно посетени веб страни.

CSV или Comma Separated Value е стандарден фајл формат кој се користи за складирање информации во табели. Microsoft Excel е еден од најпознатите програми кои специјализираат во табеларни прикази и работа со .csv форматот.

Direct 2D acceleration е програм од компанијата Microsoft кој изведува дводимензионални задачи преку користење на графичката картичка. Internet Explorer 9 и сите верзии по него користат Direct2D и DirectWrite за подобрени перформанси и визуелен квалитет.

DirectX е технологија на Microsoft која е потребна за покренување поголем број игри во Windows оперативните системи. Со DirectX играта може лесно да ги утврди хардверските способности на вашиот компјутер и да постави соодветни параметри. DirectX 11 овозможи додавање напредни ефекти како HBAO+, Percentage Closer Soft Shadows и NVIDA HairWorks, a најновиот DirectX 12 само се надоврзува и нуди изобилство од опции за значително поубава графика и повисока резолуција.

DivX е популарен вид на компресиран видео фајл. Филмовите кои се во AVI форматот, на пример, можат да се одликуваат со најразлични видео и аудио стримови. Таквото нешто, со помош на DivX технологијата за компресија, допринесува со фајл кој крие висок видео квалитет во исклучително мало пакување.

GHz или Gigahertz е мерка која кажува колку инструкции еден чип може да процесира во една секунда. 1GHz е еднакво на 1000 MHz. Ова е исклучително важно за процесорите.

Megapixel е мерка за тоа колку детали можат да се заробат во една дигитална слика. Слика од 1 мега пиксел е направена од еден милион точки, односно 1,048,576 (220) пиксели. Ова е податок кој е исклучително важен за сите селфи фанатици :)

Mesh router е безжична мрежа која е составена од неколку рутери, сè со цел да се прошири Wi-Fi сигналот подалеку од она што е можно со стандардниот рутер. Ова се препорачува за сопственици на огромни домови кои би сакале целосно интернет покритие и избегнување на мртви Wi-Fi зони.

Plug-in е мал програм кој воведува дополнителни опции за одредена софтверска алатка или прелистувач. Plug-in-от има повеќе од едно име и доколку ова не ви е познато, тогаш можеби сте се сретнале со останатите синоними, како plugin, add-in, addin, add-on, addon или extension.

PS/2 или Personal System 2 е сет од стандарди кои првенствено беа користени од IBM за хардвер како глувчиња или тастатури. PS/2 портот потекнува уште од 1987-та година, а скоро сите такви приклучоци за глувчиња и тастатури сега му го имаат отстапено местото на сметка на USB приклучокот.

RAW е формат за дигитални фотографии кој ја сочувува сликата точно како што камерата ја фотографирала, без каква било компресија или оптимизација. Токму поради тоа, самиот збор, raw, значи сирово, но форматот не е компатибилен со сите уредувачи на слики.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии