ИТ терминологија #3: Е2ЕЕ, PUP, Calibration, RAID…

Мини серијал кој на кратко ја дефинира ИТ терминологијата.

Browser Hijacker е вид на штеточина која е замислена да промени одредени опции во вашиот прелистувач и да резултира со несакани однесувања, од непрецизни пребарувачки резултати кои ве водат на несакани сајтови, преку промена на предната страна или пребарувачкиот енџин без ваша дозвола па се до споро вчитување на страните.

Calibration е процесот каде се проверува и прилагодува одреден хардвер пред да започне со работа. Печатачите се еден таков хардвер и треба да извршат одредени прилагодувања по нивното вклучување и пред употреба.

Crowdfunding е процес преку кој одредена компанија ги добива потребните финансиски средства за да може да го лансира нивниот продукт. Финансиските средства доаѓаат од самите клиенти кои се запознаваат и го следат продуктот онлајн.

Extension – Програм кој додава дополнителни функции за вашиот прелистувач. Прочитајте кои седум екстензии ги препорачува Product Hunt.

Е2ЕЕ – End-to-end encryption се погрижува пораките да можат да бидат видени само од испраќачот и примателот. Компании кои користат ваква енкрипција не се во можност да предадат пораки на властите, што е дополнителен бонус за приватноста на клиентите.

RAID – redundant array of independent disks систем за ефикасно складирање дата и автоматско извршување бекап на компјутерските хард дискови. Истата дата се складира на повеќе места на повеќе хард дискови за да се избегнат катастрофалните последици од лоши сектори или целосна нефункционалност на дискот.

Bad Sector или лош сектор е сектор во кој нити претходната дата не е достапна за корисникот нити пак може нова да се складира, поради непоправливо, често, физичко оштетување.

NAS или Network-attached storage е хард диск кој е прикачен на одредена мрежа и прилагоден за да биде споделуван со други компјутери.

Ransomware – малициозен хакерски код кој ги заклучува фајловите на вашиот компјутер и бара исплата на одредени финансиски средства за да се отклучат личните фајлови. Повеќе на оваа тема тука.

Read Speed – колку време е потребно на хард дискот да ја прочита датата и соодветно да реагира на неа

Refurbished – претходно користена направа која била расипана, а потоа поправена од произведувачот за да може одново да се продаде и користи. Таквите производи обично се поевтини.

PUP Potentially Unwanted Program е потенцијално несакан програм кој корисникот не го сака, но сепак се сложил за негово преземање. PUP може да биде некој plug-in или browser hijacker.

Plug-in е софтверска компонента која воведува одредени функции во компјутерски програм. Најпознати примери се Adobe Flash Player, the QuickTime Player и Java plug-in.

Trojan – Со име кое потекнува од грчката митологија, Trojan е штеточина која е замаскирана како безбеден програм, а се користи од сајбер криминалци за добивање пристап до туѓи системи.

Tweeter – Звучник кој е осмислен да емитува високи аудио фреквенции. Името доаѓа од песната на птиците.

VPN – Virtual Private Network или виртуелна приватна мрежа која е замислена да допринесе до безбедна и приватна комуникација на интернет. Повеќе на оваа тема имате тука.

Web Apps – програми кои не се наоѓаат во вашиот компјутер и се покренуваат преку вашиот прелистувач. Примери за web apps се и-мејл клиенти, онлајн аукции или сервиси за онлајн разговор. Ваквото нешто е  имплементирани во веб апликацијата за прелистување.

Write Speed е брзината која е потребна на хард дискот да ја сочува датата

Zero-day attack е безбедносен напад кој злоупотребува претходно непозната безбедносна дупка на одреден софтвер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии