ИТ терминологија #1: AMOLED, Cryptocurrency, HDMI, Open Source

Мини серијал кој на кратко ја дефинира IT терминологијата.


32bit – Мерка за тоа колку информации е способен компјутерот да процесира од еднаш. Постарите компјутери се 32 битни.

64bit – Технологија која ги процесира информациите во поголеми парчиња. Модерните компјутери се 64 битни.

ADSL – Asymmetric Digital Subscriber Line е технологија која ја конвертира стандардната телефонска линија и овозможува воспоставување конекција со интернет.

AMOLED – Active-Matrix Organic Light-Emitting Diode е алтернативната технологија за производство на тенките дисплеи.

Beta – Верзија на софтвер кој е во фаза на тестирање и се уште не е спремен за масовна дистрибуција.

Bitcoin – Дигитална валута која не е контролирана од владите, а може да се користи за праќање пари до индивидуални лица.

CAD – Computer Aided Design е софтверска апликација со која се создаваат 3D модели.

Cookie – Мал текстуален фајл кој е складиран во вашиот компјутер преку веб сајт и дава увид за ограничени прелистувачки активности.

Cryptocurrency – Онлајн валута која не е подржана од која било држава. Најпозната валута е, секако, Bitcoin.

Driver – Фајл (софтвер) кој му кажува на оперативниот систем како да работи со одредена надворешна направа (хардвер)

Dual-SIM -Телефон кој може да оперира со две SIM картички и да ви дозволи да користите услуги од две различни мрежи, како VIP и T-Mobile

Firmware – Софтвер во основна форма кој е складиран во одреден хардвер и овозможува исполнување одредени операции.

VGA – Video Graphics Array e конектор кој ја поврзува вашата графичка карта со мониторот за да овозможи видео приказ.

HDMI – High-definition media interface е вид конекција која, за разлика од VGA, емитува видео во висока дефиниција и аудио сигнали.

LCD – Liquid crystal display е технологија која се користи за создавање на скоро сите тенки монитори.

Mac Address – Media Access Control е уникатен код кој идентификува рутер

Open Source – Софтвер кој може да биде модифициран од секој што има познавање, а не само од вработените во компанијата кој го креирале.

IP address – Internet Protocol Address е уникатен сет од броеви кој идентификува компјутери и веб сајтови на интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии