Telltale најави три нови сезони

Познатите издавачи на авантуристички игри, Telltale, објавија дванаесет минутно видео и ги најавија нивните планови во наредните две години. Потпомогнати од бројните гости кои ги позајмуваат гласовите на нивните игри, девелоперите ветија дека она што би можеле да очекуваме од нив се нови сезони за Batman, The Walking Dead и The Wolf Among Us.

Првата игра која ќе излезе ќе биде Batman: The Enemy Within и низ пет нови епизоди ќе ги покаже маките на Брус со харизматичниот Ridler. Првата епизода од сезоната излегува за неполн месец и тоа на 8.август.

Втората игра која ќе здогледа нова сезона е The Walking Dead. Оваа, четврта сезона ќе нападне во 2018 година и, за жал, ќе биде последната која ќе ги прати авантурите на симпатичната Клем.

И третата игра, која ќе се појави при крајот на 2018 година, ќе биде нова The Wolf Among Us. Интересно е тоа што веста за нова сезона доаѓа по само неколку денови откако Telltale се изјасни дека фановите не би требало да очекуваат продолжеток во светот на бајките. Втората The Wolf Among Us, меѓутоа, нема да ги продолжи настаните на кои се алудираше на крајот од играта, туку ќе се фокусира на сосема нова приказна.

Иако Telltale уште во 2015 година ветија дека ќе има нова Game of Thrones сезона, таквото нешто воопшто не беше споменато во видеото.

Ова е одлично време да се дружите со игрите на Telltale. Најновиот пакет на Humble Bundle ви дава на располагање 9 авантури на Telltale за само еден долар. Во случај да платите нешто повеќе од осум долари, ќе добиете уште најмалку четири други игри, како урнебесно смешната Tales From the Borderlands, болно мрачната Game of Thrones или препознатливо вознемирувачката втора сезона на The Walking Dead. Оние кои се спремни да платат 15 долари ќе ги добијат и сите епизоди за првата Batman и Minecraft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии