Telltale Games работи на Guardians of the Galaxy игра

Telltale Games работи на игра која ќе биде базирана на универзумот Guardians of the Galaxy.

Иако сѐ уште не е официјализирано, многу сајтови кои покриваат гејминг вести открија листа од проекти во кои се споменуваат идните аспирации на Telltale Games. Со оглед на тоа дека гласините само што се појавија, сѐ уште не се знае нешто повеќе, особено дали играта ќе покрива настани од стриповите или пак од филмското достигнување.

Филмот Guardians of the Galaxy Vol. 2 треба да се појави на филмските платна во април 2017 години и многу фанови претпоставуваат дека Telltale Games се стремат нивната игра да биде придружник на филмот. Таквата замисла веќе беше реализирана во епизодната игра The Game of Thrones.

Кои се Telltale Games?

Telltale Games e калифорниски развоен тим кој е основан во 2004 година. Нивните креативни достигања можат грубо да се поделат на три периоди. Во првиот период, до 2010 година, компанијата имаше релативно успешна кариера и исфрлуваше авантури како Bone: Out from Boneville, Sam & Max серијалот и Tales of Monkey Island. Иако авантурите беа интересни, сепак не застрануваа премногу од воспоставената и веќе видена формула и во периодот од 2010 до 2012 година забележително е експериментирањето во авантуристичкиот жанр, особено со играта Jurassic Park: The Game. Во 2012-та година, меѓутоа, се чини дека Telltale Games конечно ја најдоа вистинската формула и The Walking Dead го издигна авантуристичкиот жанр на сосема ново ниво, а им отвори врати на авторите за договори и работа на игри како The Wolf Among Us, Tales from the Borderlands, Game of Thrones, Minecraft: Story Mode и, најновата, Batman: The Telltale Series.

2764772-0368748975-image

Покрај гласините за работа на Guardians of the Galaxy Vol. 2, потврдена е и работата на The Walking Dead: A New Frontier – третата игра од овој серијал, како и Game of Thrones: Season Two.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии