Телевизиските вести се уште се најважни за публиката

Можеби македонските телевизии се посрамени, но сепак се чини дека телевизијата им значи на луѓето, барем за уште некое време. Според Reuters Institute for the Study of Journalism, се поголем е бројот на корисници кои вестите ги читаат на веб портали во најголем дел од државите на Европската Унија, но и останатите држави со подлабока Интернет пенетрација. Процентот на корисници кои не читаат вести на Интернет е едноцифрен, покажува анализата (.pdf).

Но, и покрај растечкиот број на интернет корисници, и се поголемата потреба да се читаат вестите од онлајн извори; сепак за најголем дел од луѓето телевизијата сè уште главно место од каде доаѓаат до информациите. Единствено во САД, Бразил, Ирска, Данска, Австралија и Финска, корисниците поголем дел од информациите ги добиваат онлајн (за Бразил статистиката е во урбаните делови каде има интернет покриеност).

Возраста има значителна улога во распределбата на приемот на информации по медиуми, но дури и групата од 18 до 24 години ја претпочита телевизијата како извор на информации. Mожноста за споделување коментари, размена на мислења и ставови е најизразена и претставува огромна предност кај онлајн медиумите. Дел од порталите ги затвораат своите статии за коментари, но ова е огромна грешка. Токму размената на мислења е најголемата предност која ја имаат онлајн медиумите во однос на традиционалните медиуми, како телевизијата или дневниот печат.

Но, очигледна е промената на тоа како сакаме да ги добиваме вестите. Ако порано публиката сакаше да пие кафе и чита весници, денес сака да ги добие вестите од разни извори – брза информација од Twitter, нотификација од сајт, имејл порака, кратко YouTube видео од онлајн медиум најдено на Facebook, до долку анализи и дебати на TВ. Интересно Facebook е најважната друштвена мрежа за вести кај публиката, бидејќи таму најрелевантните вести добиваат најмногу внимание, односно лајкови и споделувања.

Тоа што е интересно е што во реалноста, се вели во анализата, е што публиката ги користи онлајн вестите како надополнување на вестите кои што ги чуле на радио, гледале на ТВ или прочитале во традиционалните печатени весници. Вестите се променуваат, се појавува нова публика што изразнува со дигиталното, но засега традиционалните медиумите остануваат клучни, иако не и без проблеми и се поголема конкуренција. Тие, традиционалните медиуми, ќе треба да научат како да се справат со притисокот да бидат иновативни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии