Eвропските оператори потпишаа манифест за 5G мрежа

Операторите се договорија. До 2020 сите држави во Европската унија ќе имаат брзи 5G мрежи, стои во договорот кој го потпишаа најголемите светски телеком оператори.

Помеѓу брзините на 5G, и 3G или 4G речиси да нема споредба. Новиот стандард ќе биде значително побрз, но Европската унија бара резервирани фреквенции кои ќе бидат со повисок приоритет, а ќе се користат за автономни возила, онлајн здравствени услуги и слично.

Nokia, BT, Vodafone, Orange, Deuche Telekom се дел од операторите кои се обврзаа дека до 2020 мрежата во Европа ќе биде 5G. Операторите ја искористија и оваа прилика да потсетат на важноста на интернет неутралноста. Ова е проблем во Европа, бидејќи новиот закон предвидува приоритет за некои сервиси.

„Европската унија и државите членки мора да се помират со потребата за отворен интернет, со прагматични правила кои ќе поттикнуваат иновација. Предупредуваме дека сегашните насоки за интернет неутралност кои ги предлагаат законодавците во Европа ќе создадат сомнежи за повратокот на инвестиција од 5G мрежа“.

Поради ова инвестициите најверојатно ќе бидат одложени доколку законодавците не заземат позитивен став и не се заложат за иновациите, се вели во манифестот кој го пренесе BBC.

1 коментар на “Eвропските оператори потпишаа манифест за 5G мрежа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии