Telekom Austria Group побара дозвола од властите за спојување на Vip и One

Telekom Austria Group и официјално поднесе известување до македонските власти дека сака да ги спои операторот Vip со компанијата One, која е во сопственост на Telekom Slovenije Group. Спојувањето е предмет на разгледување на институциите, но се очекува да биде одобрено во почетокот на 2015 година.

Австрискиот телеком ќе биде сопственик на 55 отсто од новиот ентитет, а 45 отсто ќе биде во сопственост на Telekom Slovenije. Договорот, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Telekom Slovenije од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Според првите најави, новиот ентитет ќе има 51 отсто од македонските корисници. One нуди интернет и дигитална телевизија, а по аквизицијата на Blizoo и Vip ги прошири своите услуги.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии