Кабелскиот оператор Телекабел најавува дека оваа година ќе започне да нуди и мобилна телефонија. Ова го објави основачот на компанијата, Роберт Димитров по повод 21 година од постоењето на Телекабел.
Веста доаѓа од Facebook-профилот на основачот, кој потсети и на дел од претходните поважни настани за Телекабел.
Телекабел започна како кабелски оператор, а со текот на годините компанијата додаваше нови услуги: кабелски интернет, фиксна телефонија, а сега најавуваат и мобилна телефонија.
Засега компанијата работи на проценка на инвистицијата и стратегија за влез во новото поле.
„Припремите се во тек, веќе се спремаме за инвестиции и правната рамка, но за неколку месеци Телекабел покрај кабловски и интернет провајдер ќе стане и мобилен оператор“, вели г. Димитров.