Телекабел е новиот мобилен оператор, започнуваат со работа овој месец

Кабелскиот оператор Телекабел е новиот мобилен оператор. Основачот на компанијата, Роберт Димитров на својот Facebook профил најави дека продажбата на броеви започнува следната недела, од 21 јануари.

Префиксот на новиот оператор е 074, а барем засега се најавени 3 пакети. Пакет 300, 500, 1500 и веројатно претпоставувате тоа е и висината на претплатата која корисникот треба да ја плати секој месец. Во пакетот 300 се вклучени 1 GB интернет и 200 минути бесплатни разговори кон сите мрежи; пакетот 500 има неограничени разговори и 10 GB интернет, а за 1500 денари нема никакви ограничувања. Цената на SMS пораките за секој пакет е 3 денари.

Слика: Телекабел

Мобилната телефонија е најавена со стандардната „мантра“ на Телекабел, „Без обврзувачки договор“.

Со ова Телекабел ќе го заокружи телекомуникацискиот сектор. Компанијата нуди кабелска телевизија, интернет и телефонија. Со последното проширување на овие услуги ќе додадат и мобилна телефонија.

Повеќе податоци се достапни на веб-сајтот на Телекабел.

2 коментари на “Телекабел е новиот мобилен оператор, започнуваат со работа овој месец

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии