Telegram изгаси 78 канали на 12 јазика кои се поврзани со терористички организации

Руската апликација за енкриптирани пораки, Telegram, се најде во малку чудна улога. Наместо апликација што ја заштитува приватноста од властите, Telegram доби реноме на апликација преку која Исламската држава (ISIS) и другите терористички организации комуницираат без страв дека ќе бидат следени. Но, сега притисната од властите и јавноста, со цел да се дистанцира од терористичките организации, апликацијата затвори 78 јавни канали на 12 различни јазици кои беа поврзани на некој начин со ISIS.

Се чини дека веста дека терористите го користат сервисот за комуникација е изненадување и за сервисот, а покрај притисок од разните безбедносни агенции, жалбите пристигнале и од корисниците на официјалниот вебсајт. „Вознемирени сме што дознавме дека јавните канали се користат од ISIS за ширење на нивната пропагандата. Ги разгледуваме сите поплаки кои пристигаат до нас и ги блокираме овие канали. Како резултат само оваа недела блокиравме 78 канали поврзани со Исламската држава на над 12 јазици“, велат од сервисот за Wall Street Journal. За подобро справување со коментарите по последните терористички напади, Telegram веќе работи на нов сервис за блокирање на пораки.

1 коментар на “Telegram изгаси 78 канали на 12 јазика кои се поврзани со терористички организации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии